Home / Uncategorized / „Будење Битола“ поднесе потписи до Советот за распишување на референдум

„Будење Битола“ поднесе потписи до Советот за распишување на референдум

Учесниците од граѓанската иницијатива „Будење Битола“, покрената поради нацрт стратегијата на Владата за мигранти и бегалци денес до општината достави потписи од граѓани за распишување на референдум.

-Согласно член 3 став 3 од Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните, покренуваме граѓанска иницијатива за распишување на референдум на локално ниво против овозможување на услови за населување на бегалци и мигранти на територијата на општина Битола. Согласно членот 36 од Законот, бараме Советот на општината по своја иницијатива да донесе одлука за распишување на референдум на тероторијата на општина Битола, велат од „Будење Битола“.

Од граѓанската иницијатива додаваат дека досега се собрани, за два дена, 1.392 потписи кои се поднесени до градоначалникот на општина Битола и до Советот.

-Граѓаните се доволно свесни и се одзваа на повикот да си го заштитат градот и својата држава и ќе продолжиме да собираме потписи. Во овој момент се собрани над 2.000 потписи, а бидејќи интересот е доста голем ние ќе поставиме уште едно собирно место, во новиот пазар во нова Битола и потписите ќе ги собираме и во наредните денови од 11 до 21 часот до недела (27.08), посочуваат од граѓанската иницијатива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*