Home / Uncategorized / Чавков повторно вратен во Шутка

Чавков повторно вратен во Шутка

По цело деноноќие поминато дома откако Врховниот суд ги пушти од притвор, петмина сега обвинети за насилствата од 27 април, со одлука ка Кривичниот суд, повторно се спроведени во Шутка. Судот го прифати предлогот на обвинителство и поради опасност од бегство ги врати во истражен затвор екс министерот за внатрешни Митко Чавков, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР, Горан Ѓошевски од собраниското обезбедување и Мунир Пепиќ од  Агенцијата за разузнавање. Новите мерки Обвинителството ги побарало со поднесувањето на обвинението, а Јавниот обвинител Љубомир Јовески тврди дека постојат основи за нови притвори.

Но, освен прифатените предлог мерки за овие пет лица, за останатите 25 за кои исто така се барале мерки, судот или делумно ги прифатил или го одбил обвинителството. Па така одбиено е барањето за да им определи притвор на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и тие остануваат во домашен притвор. Мерките за претпазливост остануваат да важат и за пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, иако и за нив Обвинителството барало куќен притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*