Don't Miss
Home / Uncategorized / Честитка од Кирацовски за рударите и верниците

Честитка од Кирацовски за рударите и верниците

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го честиташе 28 август, Денот на рударите во Република Македонија.

„Во име на СДСМ и во свое лично име го честитам 28 август, Денот на рударите во Република Македонија. Рударството отсекогаш била и ќе биде значајна стопанска гранка што придонесува за натамошен развој на целокупното стопанство.

Затоа, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено работат на унапредување на безбедноста и здравјето при работа и на унапредување на правата на работниците во ризични професии.

На сите рудари, нека им е честит Денот на рударите во Република Македонија и нека нивната посветена, макотрпна работа биде пример за сите нас да работиме уште понапорно за подобра иднина за сите нас“, се наведува во честитката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*