Home / Uncategorized / Чествување за бранителите

Чествување за бранителите

Со полагање букети свежи цвекиња на спомен обележјата, како и споменикот “Ангел” во  паркот, кај Градскиот часовник, како и одржување на традиционалниот фудбалски турнир, беше одбележана 16 годишнината од трагичната смрт на  петтемина припадници на АРМ, кои  на 5 јуни  2001 година, во воениот конфликт,  трагично ги загубија своите животи  на патот Шипковица – Гајре,

Бројните делегации од Битола и Новаци,  членови на  потесните семејства на трагично загинатите припадници на АРМ, припадници на армијата,  букети свежи цвекиња положија пред споменикот „Ангел” кај Саат кулата и споменикот „Стив Наумов”, кај касарната.

На тој начин тие достојно ја одблежаа  16 годишнината од трагичниот настан, кога на 5 јуни 2001 година, во заседа, во близина на с.Гајре, на патот Тетово -Попова Шапка загинаа Пеце Матичевски од Новаци, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски од Битола.

Во нивни спомен се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал, во кој учество зедоа четири екипи: екипа на гарнизонот од Прилеп, екипа на општина Новаци, екипа на СВР Битола како  и екипа на Синдакот на РЕК “Битола”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*