Home / Uncategorized / “‚Чкембарите “ во одбрана на името Македонија

“‚Чкембарите “ во одбрана на името Македонија

Навивачката група  “ чкембари “  за вечерва повика на протест. Протестот  е најавен да се одржи вечерва во 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Повикот велат од таму е надпартиски, а единствен интерес е Македонија.

„ВЕЧЕР ЦЕЛА БИТОЛА СИТЕ КОЈ ВЕ БОЛИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА , нема партија само МАКЕДОНИЈА“, порачуваат Чкембари.

На протест во одбра на името Република Македонија повика и навивачката група „Комити“ . Протетсот ќе с еодржи  денеска од 20 часот  пред Собрание за, како што велат, одбрана на Македонија.

„Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата… Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца“, вели во нивниот повик.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*