Home / Uncategorized / Човекот, најголем капитал на општеството

Човекот, најголем капитал на општеството

Неодмна во Скопје, на иницијатива на претседателот  Трифун Костовски  и голем број интелектуалци,  политички аналитичари, уметници,бизнисмени…  е формирано  невладино Здружение на граѓани “ Човекот пред се”.

“Човекот пред се” е Здружение на граѓани, формирано со цел да биде коректив во општеството, преку  изготвување на можни системски решенија и  поттикнување на дебата за образовните, здравствените, економските и младинските политики.

Тимот е составен од активни млади лица, уметници, еминентни професори, стручни лица од областа на здравството, политички аналитичари, бизнисмени, како и сите останати граѓани загрижени за насоката во која се движи нашата држава.

Вреднувањето на човекот и социјалниот капитал треба да бидат темелот врз кој ќе почива новата Македонија, која ќе им понуди на своите граѓани добар животен стандард, културен живот и здрава животна околина, истакнуваат од Здружението на граѓани “ Човекот пред се”.

Инаку во рамките на Здружението “ Човекот пред се “ активно работи  Младинскиот клуб, кој  располага со повеќе простории: читална, просторија за одржување на прес-конферецнии, дебати, јавни трибини, просторија за отворено учење, каде младите имаат можност да разговараат на одредени теми и да разменуваат мислења и ставови.

Младинскиот клуб има и услови за спроведување на обуки, работилници, предавања и разни активности. Овој клуб нуди можност за бесплатно користење на одредени простории од страна на разни невладини и добротворни организации за потребите на младите.

Сите заинтересирани лица кои  сакаат да се запознаат со активностите на Здружението “ Човекот пред се “  можат да се информираат преку фејсбук  страницата на младинскиот клуб, каде можат да се запознаат со активностите кои ги организираме и реализираме, велат од младинскиот клуб на Здружението “Човекот пред се”.

 

 

Б.В

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*