Home / Вести / Д-р Таше Трпчевски кривично ќе ги гони екс градоначалничката Наташа Петровска и екс секретарот Слободан Најдовски и ќе бара обештетување од 400 илјади евра!

Д-р Таше Трпчевски кривично ќе ги гони екс градоначалничката Наташа Петровска и екс секретарот Слободан Најдовски и ќе бара обештетување од 400 илјади евра!

         

            Наскоро Битола ќе добие нова болница, која ќе работи во склоп на сегашната болница “Плодност”.

           Болницата “Плодност”, сопственост на  прим д-р Таше Трпчевски конечно доби одобрение за градба и ќе можи  да ја  гради новата болница, која ќе се простира на  површина 2,5 илјади м2.

           Откако пред неколку дена д-р Таше Трпчевски ги плати потребните средства за комуналии, во износ од  околу 112.000 евра, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски го потпиша Решението за градба , со што му дозволи на Трпчевски  да почне да гради.        

        Со тоа  на случајот “Плодност” е ставена ад акта, но според информации на порталот на Битолски весник тој сеуште  не е завршен.

         Наскоро овој случај ќе има и судска разрешница.

Имено, сега откако сопственикот на болницата “Плодност”, прим.  д-р Таше Трпчевски доби одобрение за градба  тој одлучи да поднесе кривична пријава против екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и  екс секретарот Слободан Најдовски поради незаконското стопирање на инвестицијата и опструкциите кои му ги правеле во текот на постапката и ќе бара надомест  на штета во висина  од 400.000 евра, колку што според пресметките на вештите лица  болницата “Плодност”  претрпела (не)материјална штета од нивното незаконско стопирање на  градбата на болницата.

            -Стопирањето на градбата на болницата според пресметките на вештите лица ми нанесе огромна не само маѕеријална, туку и морална штета од околу 400 илјади евра, бидејќи во изминатиот период драстично поскапеа цените не само на материјалите, туку и на услугите, а за цел овој период откако бев стопиран да градам јас плаќав огромни камати на кредитот кој го имав подигнато за да ја градам новата болница. Затоа против екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска И екс секретарот Слободан Најдовски  одлучив да поднесам кривични пријави за надомест на штета, вели  д-р Таше Трпчевски.

За овој случај читајте поопширно во утрешниот број на Битолски весник

                                                       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*