Don't Miss
Home / Uncategorized / СЈО ја треси “Империја“

СЈО ја треси “Империја“

Уште најмалку шест месеци се потребни за да финишира истрагата за случајот „Империја“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, бидејќи го опфаќа периодот од 2002 до 2013 година.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, за овој случај, во кој осомничени се и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, обвинителството веќе има остварено и меѓународна соработка, и тоа од Кипар, а во врска со разоткривање на офшор компании.

Бидејќи истрагата сѐ уште е во тек, се очекува СЈО да побараат осомничените и понатаму да останат во куќен притвор. Притворот на Камчев му истекува на 27 јануари, а на Мијалков два дена подоцна.

Во куќен притвор се и осомничените Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Тие се дел од 12 осомничени во истрагата со кодно име ,,Империја”.

Според СЈО тие се под истрага поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*