.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Ципрас: Златна зора се обиде да влезе во Парламентот

Ципрас: Златна зора се обиде да влезе во Парламентот

За жал уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, за инцидентите на денешниот протест пред грчкиот парламент.

Оттаму велат дека во демократијата слободното изразување на граѓаните е право за кое не се преговара, „па дури и за оние кои што сакаат да ја уништат, бидејќи како што велат, веруваат дека демократијата ја продаде Македонија”.

Од кабинетот на Ципрас потенцираат дека во исто време должност на сите оние кои веруваат и и служат на демократијата е да не дозволат такво нешто и да ги изолираат и осудат ваквите феномени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*