Home / Вести / Да престанат паушалните и злонамерните коментари за санацијата на трансфрматорот во Блок 3

Да престанат паушалните и злонамерните коментари за санацијата на трансфрматорот во Блок 3

       

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја информира јавноста дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2. Како што е добро познато, трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар кој се случи вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет.

Намерите на лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, да ги коментираат состојбите во комбинатот, цениме дека се несериозни и злонамерни. Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат,се вели во соопштението на РЕК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*