Don't Miss
Home / Колумни / Деградација на културата

Деградација на културата

               

Последните денови главна тема во битолската јавност е распределбата на средствата од општинскиот буџет за “културните” настани во Битола, кои се одржуваат.

Распределбата на средствата опозиционата СДСМ ги оквалификува како вистински грабеж на општинскиот буџет во режија на градоначалникот Тони Коњановски под плаштот на културни настани.

Според СДСМ бесрамно се делат огромни суми на пари од Општината на свои сопартијци и блиски на локалната власта. Најголемиот дел од парите кои се наменети за културните настани  за оваа година се доделени на партиски другари и блиски лица до ДПМНЕ, тврдат од битолската СДСМ.  

Притоа се посочуваат лицата кои во изминатиот период од страна на локалната власт, членови на ВМРО ДПМНЕ, претседатели на Комисии за култура, блиски културни работници до власта, па дури и некои вработени во  културните институции  добиле големи средства за разно разни  “културни “ проекти.

На ваквите тврдења од локалната власт возвраќаат дека тие јавно  и транспарентно ги објавуваат резултатите од сите јавни повици, програмата за животна средина, повиците поврзани со програмата за култура,  за спорт и млади, како и други повици кои се реализираат преку општинските програми.

Општина Битола, нагласува дека културата не познава политички партии и затоа истите мора да останат надвор од неа, на што оваа локална самоуправа континуирано работи и подеднакво се застапени симпатизери и членови на сите политички партии, зошто сите тие се граѓани на Битола.

 Партиската припадност во ниту еден повик не е критериум за избор и истото треба да остане понатамошна пракса во работењето. Обезвреднувачки да се „етикетира” културен уметник, или да се негираат неговите светски признати достигнувања, независно на која политичка партија припаѓа е удар врз сопствениот културен идентитет, реагираа од Битолската локална самоуправа на обвинувањата од СДСМ.   

 Кога станува збор за распределбата на средствата за културните настани или т.н. #проекти “ во Битола од секогаш имало и ќе има различни видувања.

Власта истите ги гледа како “надпартиски”,а опозицијата како  чисто партиски.

Колку и да се вади општината Битола дека нема пристрасност во  поддршката на “проектите” и дека средствата се делат по квалитетот на понудените проекти, а не по партиска линја, сепак аргументите  не држи вода.

Битола е мал град и во Битола  луѓето многу добро се знаат меѓу себе и кој по која “заслуга “ или  партиска припадност (не)добива пари.

Во Битола кога станува збор за културата од времето на  екс градоначалникот Владимир Талески се трошат големи пари за културата, а особено  за “култирните проекти “.

Под превезот дека Битола е град на културата, за разно разни културни “проекти “ и настани во изминатите години се потрошени огромни милиони евра.

Додека за финансирање на разно разни инфраструктурни проекти, со кои  би се подобрил животот на битолчани се штедат пари, или се бараат кредити, кога станува збор за културата постојано се арчат огромни средства на граѓаните.

Во времето на Талески парите се трошеа како Алајбегова слама.Во зависност од желбата и афинитетот  волјата на Талески така се прифаќаа “проектите” и се делеа парите.

Слично беше и во мандатот на екс градоначалничката Наташа Петровска, која за блиските до неа секогаш имаше и пари и разбирања, па културн настани се финансираа и за време на ковид забраните.

Но и тогаш, како и сега   кога градоначалник е Тони Коњановски јавноста (беш)е уверувана дека парите се делат за (не)”издржани” културни проекти, кои во голема мера не само што придонесуваат за културнот живеење во Битола, туку и за развој на туризмот во Битола.

А за какви издржани проекти стануваше збор најдобар пример беше  тоа што една жителка на Могила, која работеше како медицинска сестра доби над 1 милион денари за  “театарска претстава” иако  жената немаше поим ни кој конкурирал во нејзино име, ни кој ја подготвил претставата, која никогаш не само во Могила, туку и во Битола беше прикажана, а парите легнаа на сметка на една битолска телевизија.

Во тие “културни лета”  беа финансиранаи проекти на  луѓе, или фирми кои самите тие кои конкурираа не ги следеа.

Иако не во тој формат истата приказна и сега се повторува.

Во време на криза, кога локалната власт се жали дека нема средства да си ја плати струјата, кога се подигнуваат кредити за инфраструктирни проекти, кога на некои граѓани кои имаат купено парцели во АРМ не може да им  се обезбеди инфраструктура да си ги  изградат куќите, кога над најголемиот број од објектите над “Довлеџик” намаат канализација и “работаат”  со септички јами , кога се бара помош од Владата за изградбата на живеалиштата за бездомните кучиња,  кога сеуште не функционира јавниот автобуски  превоз, кога Пожарната  гасни пожари со  расходовани против пожарни возила, кога  општината сеуште не можи да го изгради планинарскиот дом “Копанки”, кога Битола сеуште нема современ влез ни од Прилеп, ни од Охрид, некои детски игралишта со години чекаат  да бидат изградени… кога нема пари за медиумите,  општината Битола се расфрла со буџетски пари за разно разни   во најголем број измислени културни “проекти “, кои  се најблаго кажано  во најголем број неиздржани, туку и неисплатливи.

Тоа што паѓа в очи е што финансиска поддршка добиваат  речиси истите луѓе, кои со години добиваат пари за  разно- разни набрзина подготвени старо – нови  #културни проекти” од кои интерес имаат само тие  и нивните “асистенти”.

 Додека во некои градови културните лета траат многу пократко, а за тоа време добивка има не само градот, туку  и граѓаните, во Битола, каде културните лета траат буквално по цела година досега никогаш јавноста не е  информирана колку  добивка  остварила Општината од таквите “богати “ и “квалитетни културни лета”

        Иако тоа никогаш никој не го признал, а ни  сегашната актуелна власт тоа нема да го признае, со ваквиот начин на помагање, или финансирање на “културните проекти “ се врши класична деградација на културата во Битола, а Општината има само зијан, а со буџетски пари се  полнат жиро сметките на поединци или културни “институции “  кои продаваат “култра “, која на пазарот  не можат да ја продадат.

        Ваквиот начин на финансирање на “проекти “ ги дестимулира сите оние културни работници кои иако имаат добри проекти, никако не можат да дојдат на ред,поради ограничените средства, а се поголемиот број (не)партиски културни “проектанти”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*