.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Дел од домот за доенчиња ќе се преадaптира во детска градинка

Дел од домот за доенчиња ќе се преадaптира во детска градинка

                       

Деч од објектот од Домот за доенчиња во Битола  ќе се преадптира во детска градинка, која ќе располага  со капацитет за  80 деца.

Договорот за адаптација  денеска  во Битола го потпишаа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Целта е да се зголеми опфатот на деца во градинките во Битола.

Според договорот градежните работи треба да завршат најдоцна за 10 месеци.

 Министерството за труд и социјална политика ќе финасира 70 проценти од  работите, а Општина Битола околу триесет проценти, односно 4 милиони денари.

-Целта е да придонесеме за зголемување на опфатот на деца во дестките градинки. Ги охрабрувам  и другите градоначалници од другите општини да доставуваа проекти за отворање на нови градинки, со што готовите проекти понатаму ќе значат  обезбедување на средства од Министерството за градење на нови градинки и зголемување на опфатот на дечињата, а намалување на листата на чекање во одредени општини каде имаме проблем со градинки“, рече министерката, Јованка Тренчевска.

-Општина Битола ќе финансира 30 пороценти од предвидената сума за градежни работи и адаптација на објектот односно околу 4 милиони денари средства кои се веќе обезбедени од буџетот. Општината исто така обезбеди и средства за изработка на проект за адаптација. Предвидениот рок за изведба на градежно-знаетчиските работи изнесува 10 месеци од денот определен за вовед во работа на изведувачот. Општина Битола со години има долга листа на чекање за деца во детските градинки. Како локална самоуправа максимално се залагаме да се изнајдат законски решенија со кои ќе биде надмине овој горлив проблем за родителите, особено за оние кои одат на работа и нема каде да ги остават своите најмили, рече градоначалникот Тони Коњановски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*