Home / Вести / Делегација на Битола во посета на збратимениот град Епинал во Франција

Делегација на Битола во посета на збратимениот град Епинал во Франција

Со цел зајакнување на воспоставената соработка и отворање нови можности за заеднички напредок, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, го посети збратимениот град Епинал во Република Франција, каде присуствуваше на официјалниот настан по повод Свети Никола, денот на заштитникот на градот.

Градоначалникот Коњановски, во своето обраќање пред присутните, ја нагласи петдецениската поврзаност на Битола и Епинал, потенцирајќи дека во идниот период, истата треба постојано да се развива и надградува.

-Нашите два града ги врзува повеќе од пет децении пријателство коешто со сите свои подеми и падови, и покрај илјадниците километри што не разделуваат, сепак трае и се одржува низ времето. Во Битола, град со франкофонска и франкофилска традиција, посебно сме горди што може да се пофалиме со најдолгото збратимување во нашата земја. Од неговите почетоци, тоа се 53 години средби, посети, соработки во најразлични домени, проекти, тоа се бројни генерации кои од едната и другата страна престојувале во Епинал, во Битола, заеднички размислувале, се договарале, планирале, се дружеле…

И токму во тоа е суштината на средбите од овој вид – тие се уште една можност да разговараме за перспективите во соработката, за идни проекти.

Да продолжиме да работиме, да делуваме, да соработуваме, да бидеме солидарни, да се развиваме, менуваме и обновуваме, за да станеме подобри, индивидуално, колективно“, рече градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*