Home / Политика / Делов: За пет години од Битола иселени 30.000 битолчани

Делов: За пет години од Битола иселени 30.000 битолчани

Во последните пет години од Битола се исселени над 30.000 граѓани,  од Ресен се иселиле над 1.900 жители, а од Охрид  околу 8.000 жители.

Срамно е за една држава нејзините граѓани да вадат пасоши на други држави, за да бараат спас надвор од својата родна грутка.

Затоа доколку  се изборам да станам пратеник во Петтата изборна единица, пред се ќе се залагам  да се справиме со “ белата чума “ и да го спречиме иселувањето на луѓето од овој регион.

Ова го изјави на прес-конференција кандидатот за пратеник и носител на листата во Петтата изборна единица од Коалицијата „Коалиција за промени и правда“,   Александар Делов.

Делов на првото појавување  пред битолската јавност како кандидат за пратеник  ги презентираше програмските цели  на оваа коалиција и обврските  кои  тој ќе ги преземе доколку стане пратеник во Собранието на Република Македонија.

-Иселувањето  на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Демир Хисар и Кичево е најголем проблем со кои се среќаваат граѓаните во овие општини. Ние се бориме за да ја вратиме и задржиме младината и да им обезбедиме пристојни услови за работа  и живот, истакна  Александар Делов, носител на листата во петтата изборна единица од Коалицијата  за промени и правда.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*