Home / Култура / Денес на “Бит фест” џез вечер со Клод Болинг – Тоот Квартет

Денес на “Бит фест” џез вечер со Клод Болинг – Тоот Квартет

  

            Како дел од програмата на битолското културно лето Бит фестТ 2022, вечерва со почеток во 21.00 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.

Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг.

Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тоот свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре, кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.

Инаку Клод Болинг е роден на 10 април 1930 година. Тој  е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.

Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано.

Болинг  има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите. Пишува музика за 75 филмови, 44 музики за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.

По неговата работа со Рампал, Болинг продолжи да работи со многу други музичари, од различни жанрови, меѓу кои и гитаристот Александре Лагоја, виолинистот Пинчас Зукерман, трубачот Морис Андре и виолончелистот Јо-Јо Ма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*