Home / Македонија / Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија

Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија

Денеска во 13 часот ќе се одржи конститутивната седница на деветтиот собраниски состав на Македонија.

Вчера претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, одржа координативен состанок со претставниците на партиите кои имаат пратеници во новиот собраниски состав.

Прашањето за кое се дискутирало било кој ќе ја води седницата. За СДСМ неприфатливо е тоа да биде Вељаноски, туку тоа треба да го стори најстариот пратеник.

Според досегашната пракса конститутивната седница ја водеше најстариот пратеник.

Од кабинетот на Вељаноски објаснуваат дека со деловничките измени од 2013 година дадено му е правото на последниот претседател да ја води конститутивната седница.

По средбата, Оливер Спасовски од СДСМ изјавидека најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница.

Од СДСМ бараат седницата да ја води најстариот пратеник, Бранко Манојловски од ДУИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*