Home / Uncategorized / Денеска продолжува судскиот процес “Транспортер“

Денеска продолжува судскиот процес “Транспортер“

Судско рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска треба да се одржи во скопскиот Кривичен суд.

Минатото рочиште на 28 септември беше одложено поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска.

Според одбраната, обвинетата Никиќ-Десановска поради сообраќајна незгода била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје. Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за денеска, за кога, како што најави, ќе испрати и опомена за нејзино стражарно приведување.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште дваесетина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*