Home / Вести / Дезинфекција на улиците и за време на полицискиот час

Дезинфекција на улиците и за време на полицискиот час

          Во рамките на активностите за справување со пандемијата ЈП “ Комуналец “  заедно останатите јавни претпријатија ќе ги мие и дезинфицира улиците  во Битола и за време на полицискиот час.

          Ова го изјави директорот на ЈП “ Комуналец “ Панде Богоевски.

-Нашиот народ не случајно рекол: трпение – спасение, а јас би додал и се во свое време. Тоа значи, дека општинскиот кризен штаб уште од почетокот на оваа состојба ги преземаше сите мерки и активности, во рамките на своите можности и ресурси, да помогне на сите можни начини, во однос на она што значи справување со оваа криза, така што и во овој дел на дезинфекција на возилата, кои што влегуваат во градот, на почеток имавме едно поедноставно решение, затоа што сите ние се подготвувавме со сите свои ресурси и капацитети, за оној таканаречен „пик“ на заразата, така што во овој таканаречен „пик“, го стартуваме и овој систем на дезинфекција, којшто практично од сите страни и од долниот дел на возилата и странично, а и од горниот дел на возилата, врши дезинфекција.

 Ова е само уште една од мерките кои што ги преземаме постојано и би послужило и како најава на она што значи утрешниот ден, во кој што имаме предвидено акција за дезинфекција на цела територија на Општина Битола, тоа значи: сите коловози, јавни и прометни површини, меѓутоа и влезовите, со влегување внатре, во самите влезови во зградите. ЈП Комуналец, заедно со останатите локални јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, „Пазари“, но и со поддршка и помош на РЕК Битола, „Стрежево“, како и другите институции, постојано е на терен во периодот на полициски час, кога граѓаните  се  дома, изјави Панде Богоевски, директор на ЈП “Комуналец“ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*