Home / Вести / Дилале дрога во центарот на Битола

Дилале дрога во центарот на Битола

                    

            Двајца битолчани се уапсени поради дилање на дрога во центарот на Битола.           

Битолската полиција  од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица Битола, вчера на ул.„Климент Охридски“ во Битола, ги лишиле од слобода битолчаните Г.Б.(33) и И.Ј.(41).

– Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога и кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари  во различни апоени.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*