.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / До крајот на април реконструкција на Владата

До крајот на април реконструкција на Владата

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека очекува до крајот на април да заврши реконструкцијата на Владата.

Во однос на испразнетото министерското место за правда и дали тоа ќе остане за ДУИ, Заев рече дека преговорите за тоа прашање се во тек.

– Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија – рече Заев, по средбата со бизнис заедницата во Штип.

Од опозициските партии кои би можеле да станат дел од владејачкото мнозинство, со цел да ги поддржат реформските и интегративните процеси, во изминатиот период најчесто се споменуваат Беса и ДПА.

Во Парламентот движењето Беса има пет пратеници, додека ДПА на Мендух Тачи има двајца пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*