Home / Македонија / Доделени наградите “Жан Моне“

Доделени наградите “Жан Моне“

Денеска во Националната и Универзитетска библиотека “ Св. Климент Охридски “ во Битола беа врачени наградите  “Жан Моне “.

Победникот во категоријата најдобар новинарски текст е новинарката Марија Тасев, за серијалот текстови посветени на мигрантската криза, во кои таа ја следи  судбината  на   две сестри од Сирија, на својот пат кон Германија.

Наградата за најдобра професионална фотографија ја доби фоторепортерот на дневниот весник “Вечер“,  Наќе Батев.

Фотографијата е направена на границата со Грција во близина на Гевгелија.

Фотографијата беше објавена на познатиот британски весник „Гардијан”  и на други портали за вести од целиот свет.

Во категоријата аматерска фотографија признанието го освои КристинаНановиќ.
Покрај златните статуетки, добитниците на признанијата добија и парични награди  во износ 1.000 евра за новинарски текст, 1.000 евра за најдобра професионална фотографија и 500 евра за најдобра аматерска фотографија.

Во изминатите 12 години, повеќе од 400 новинари и форорепортери се натпреварувале за наградата Жан Моне, која го носи името на  еден од татковците на ЕУ,  францускиот дипломат и економист Жан Моне, кој заедно со Роберт Шуман се авторите на познатата Шуманова декалрација, со која се поставија темелите на денешна модерна Европа.

Со оваа награда се дава признание на извонредноста во медиумското покривање на прашања поврзани со ЕУ и се охрабрува работата на новинарите во врска со ЕУ и пристапувањето на земјата во Европското семејство.

Во изминатите години добитници на ова високо признание биле: Ерол Ризаов, Синиша Станковиќ, Слободанка Јовановска, Боби Христов, Верица Миланова, Суад Мисини…

Меѓу  добитниците се и Борис Грдановски, Ѓорѓи Личовски, Томислав Георгиев.

Изложбата во Битола ќе биде поставена  две  недели.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*