.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Доделени сертификатите на кандидатите кои се обучуваа во Центарот “Пегаз ЕДУ“

Доделени сертификатите на кандидатите кои се обучуваа во Центарот “Пегаз ЕДУ“

Во Центарот за обука и заштита од пожари “Пегаз ЕДУ“, денеска, беа доделени сертификатите на кандидатите кои учествуваа во обуката за професионални пожарникари. Обуката беше изведувана по програма верифицирана од Бирото за образование на возрасни лица, и истата беше акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

pegas 2
-Обуката се состоеше од 750 часови кои се изведуваа во седум и пол месеци, 100 проценти од предвиденото е реализирано. Обуката е квалитетна и обучените пожарникари ќе можат да си го најдат нивното работно место во територијалните противпожарни единици, во големите организации каде има потреба од професионални пожарникари. Во првата група 14 лица ја посетуваа обуката која ја поминаа со висок просек, и оттука произлегува мошне квалитетен кадар-изјави, Сашо Атанасовски, претседател на Центарот за обука и едукација “Пегаз ЕДУ“.

pegas 1

Обуката опфаќаше теорија и пракса, и кандидатите се здобија со стручни компетенции кои се бараат за професијата пожарникари.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*