Home / Вести / Донација машина за чистење и дезинфекција од АД ЕСМ за вакциналниот пункт во Битола

Донација машина за чистење и дезинфекција од АД ЕСМ за вакциналниот пункт во Битола

       

        АД ЕСМ, Комбинатот РЕК “ Битола “ и Синдиаклните организации на најголемиот електро енергетски капацитет во државата, денеска на Регионалниот вакцинален пункт во Битола му донираа специјална машина за чистење и дезинфекција на подните површини.

        Донацијата на  раководителката на вакциналниот пункт Весна Спирковска му ја предаде првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

        Тој притоа нагласи дека ова не  е прва донација на АД ЕСМ, РЕК “ Битола “ и Синдиаклните организации. Тие, како општествено одговорна компанија и  пред тоа донираа за вакциналниот пункт преку 13.000 шишиња со вода за пиење, а со донациите ќе продолжат и во наредниот период.

        Заблагодарувајќи се за донацијата директорката на Здравствениот дом во Битола и раководителка на Регионалниот вакцинален пункт Весна Спирковска изјави дека вакцинацијата во Регионалниот центар во Битола се одвива мошне добро и дека овој регион по бројот на примените вакцини се ближи до колективниот имунитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*