Home / Вести / Донација на општина Новаци за Клиничката болница

Донација на општина Новаци за Клиничката болница

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со дел од вработените од општинската администрација денеска беа во посета на ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” – Битола каде што извршија предавање на донацијата од Општина Новаци за регионалниот ковид центар во Битола.

Денешната донација опфаќа 50 ќебиња, 50 чаршафи, 50 перници и 50 навлаки за перници.

Одлуката за донација на Општина Новаци за Клиничката болница е донесена на на 69. седница  на Советот  на која советниците  донесоа одлука дел од средствата предвидени за прослава на денот на Општината да ги пренамени за донација во регионалниот ковид центар во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*