Home / Вести / Донесени мерки и критериуми за доделување хуманитарна помош на пензионеритесо ниски примања

Донесени мерки и критериуми за доделување хуманитарна помош на пензионеритесо ниски примања

     

Извршниот одбор на Здружението на пензионери за општините Битола, Новаци и Могила под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница  ги  прифати мерките и критериумите за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски примања во семејството за што ќе се добијат податоци со акцијата за изработка на социјална карта што е во тек, а која ја извршуваат пензионери волонтери.

            Поради пандемијата одредени манифестации што беа планирани да се одржат не се одржаа, што не значи дека истите нема да се одржат доколку здравствената состојба на населението во државата биде подобро.  

Во врска со градскиот превоз на пензионерите беше речено дека одредени превозни организации ги немаат продолжено договорите за превоз на пензинерите во градот, додека до селата истите договри добро се извршуваат и согласно самите протоколи за тоа.

Извршниот одбор донесе одлука со финансиски средства да даде продонес во опременувањето на просторот за потребите на пензионерите во село Кукуречани, а беше и поднесена инфомација за одржување на регионалните спортски игри што ќе се одржат на први септември во Прилеп.

На седницата на ИО на здружението на пензионери согласно мерките за заштита до ковид-19 беа донесени и други одлуки за успешно функионирање во следниот период на оваа организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*