Home / Uncategorized / Доста партиите ни избираат градоначалници

Доста партиите ни избираат градоначалници

Јас, кандидатот за независен градоначалник Кирчо Ташков, предложен од група избирачи од Општина Битола, роден 1957 година во Битола, вработен во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола. Со моето богато работно искуство, се кандидирам за градоначалник да ги воспоставам реалните благодети за работењето на локалната самоуправа во смисла процесуирање на Законот за локална самоуправа, во кој Закон се сплотувам заедно со граѓаните на Општина Битола заедно да ги решаваме изгубените (нереализираните) проекти во корист на Општина Битола.

Главниот мотив за мојата кандидатура за градоначалник, произлегува од револтот предизвикан од праксата на претходните градоначалници, кои во своето работење не се независни од високите владеачки структури од кои проникнуваат. Вооедно тие не битолчани, а ни поставуваат градоначалници што се под јурисдикција на нивните центри. Затоа сите овие години не се лоцирани проблемите за Општина Битола, само исклучиво се вложува и се прави прогрес за Општина Скопје. Со оваа можност за независен кандидат им се дава на граѓаните од Битола самите тие со своето заокружување на гласачкото ливче да си назначат свој битолски градоначалник, без влијание на политичките партии.

Со моето богато искуство од 2005 до 2009 година, како член на Советот на Општина Битола и со моите понудени проекти во тој мандат, кои ги имам презентирано во мојата програма за жал центрите на политичките партии никогаш не изразија желба за нивна реализација,вели незавинсиот кандидат за градоначалник Кирчо Ташков.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*