Home / Вести / Елките кај Поштата исечени на барање на граѓаните

Елките кај Поштата исечени на барање на граѓаните

  

Во врска со сечењето на  елките кај Поштата со официјално соопштение се јавија од Општина Битола.

Во соопштението се вели:

-По започнувњето на реконструкцијата на втората делница на ул. Рузвелтова, од страна на жителите и сопствениците на објекти на оваа делница, на 20 април беше испратено Барање за промена на постоечкото јавно зеленило (зимзелени дрвја) со нови, поради видливата дотраеност. На 22 април, теренски увид на оваа локација извршија градоначалничката Наташа Петровска, директорот на ЈП „Комуналец“ и лицата задолжени за хортикултурно уредување, при што беше констатирано дека веќе постоечките дрвја се стари и оштетени, со плитки корења и претставуваат опасност за околината. Беа консултирани и жителите во улицата, како и сопствениците на објекти, кои посочија дека за време на реконструкцијата е добро да се изврши замена со нови садници.

Постапувајќи според Законот за урбано зеленило чл. 29 и по стручната анализа, одлучено е дрвјата да се отстранат. Во меѓувреме едно од дрвјата се урна врз постоечките објекти, за среќа без последици. Ова дополнително го потврди мислењето на стручните лица дека постои опасност по граѓаните. Со цел да се избегнат несакани последици, се пристапи кон отстранување на дрвјата, бидејќи ништо не е поважно од животот на граѓаните.

ЈП „Комуналец“, по завршувањето на целосната реконструкција на ул. „Рузвелтова“, хортикултурно ќе ја уреди оваа пешачка зона. Во однос на дрвјата кои треба да се засадат, според опкружувањето, квалитетот и соодветната околина, одлучено е да бидат засадени дрвја од видот Sorbus aucuparija, кои автентично ќе го збогатат амбиентот на оваа централна пешачка зона во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*