.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Државата нема да ги толерира дивите откупувачи на пченица

Државата нема да ги толерира дивите откупувачи на пченица

Министерството за земјоделство, шумарство и за водостопанство е партнер на производителите на пченица и мелничарските претпријатија во државата, и заеднички интерес на сите е успешен крај на жетвата од годинaшната реколта, истакна заменик-министерот Ване Костадиновски за време на денешната посета на жетварите и на мелничарите во Палагонија.

Костадиновски посочи дека заедничкото партнерство воедно е и заедничка грижа и затоа државата нема да дозволи појава на диви откупувачи на површините каде се собира лебното жито.

– Доколку некој има сознание за диви откупувачи кои се надвор од системот, односно надвор од регистерот за откупувачи, и бидејќи тие вршејќи нелегален откуп, фактички го кршат правилникот и законот, ги охрабрувам сите да пријават во Државниот инспекторат за земјоделство со цел сите оние што вршат див откуп да бидат санкционирани согласно закон. Тоа е од интерес на сите што произведуваат лебно жито, но и на оние кои што легално го откупуваат и произведуваат брашно. Нема толеранција за тие што на диво откупуваат пченица – нагласи Костадиновски.

На средбата со новинарите во Битола, заменик-министерот во МЗШВ Ване Костадиновски, потврди дека годинашната пченица е со подобар квалитет и дека успешно функционира медијаторската улога на Министерството во однос на исполнувањето на договорот меѓу произведувачите и преработувачите на пченица.

– Пченицата е со подобар квалитет во однос на ланската реколта, а просечната цена по која се откупува еден килограм пченица изнесува 10 денари. Тоа што беше договорено во МЗШВ, договорената цена од 10 денари плус трошоци за транспорт до мелничарските и откупните претпријатија и надомест за ДДВ, цената да изнесува 11 денари, можам да кажам дека главно се почитува за откуп на пченица со стандарден квалитет од која се произведува лебно брашно. Жетвата добро се одвива, како и откупот на пченицата. Досега се откупени околу 20.000 тони пченица. Во источниот дел на Македонија жетвата е при крај, а во Пелагонија во завршна фаза, но очекуваме кон средината не месец август жетвата да заврши во цела држава кога ќе имаме целосен преглед и анализа за годинашната жетва, односно за пченицата како стратешка култура – истакна Костадиновски.

На новинарско прашање во врска со најавите за евентуално намалување на цената на лебот на македонскиот пазар, Костадиновски  одговори дека цената на производите се формира во согласност со цената на суровините и засега не се очекуваат некои поместувања на цената на лебот на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*