Don't Miss
Home / Uncategorized / Двајца загинати кај Вашарејца

Двајца загинати кај Вашарејца

На регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Вашарејца синоќа во 20 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица, информираат од СВР-Битола.

Според првичните податоци, во сообраќајката учествувале тешко товарно возило и патничко моторно возило, и притоа тоа на местото на сообраќајката загинале две лица, односно Џ.И. (34) и А.И. (27).

Во текот на денот ќе бидат објавени повеќе детали за причините за сообраќајната несреќа и за текот на истражната постапка, потврдија од СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*