Home / Uncategorized / Дванаесетто издание на “Локум Фест“

Дванаесетто издание на “Локум Фест“

Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, а во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Во првата вечер публиката имаше можност да ужива во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и „Чалгии мерак“.

Вечерва, главни ѕвезди се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.

21.07.2018 НА БИТ ФЕСТ

21:00 часот

Поетско матине со Јорго Јанополус

КЦ Магаза Битола

Јорго Јанополус е грчки поет, роден во 1961 година во Атина.Тој е уредник на списанието Eneken. Автор е на повеќе книги меѓу кои најпознати се Дијадроми, за која што беше награден во 2000 година и Црна книга за која има добиено награда во 2005 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*