Home / Uncategorized / Едногласно усвоени заклучоци за амбиенталниот воздух

Едногласно усвоени заклучоци за амбиенталниот воздух

На денешната седница на општинскиот совет, советниците едногласно  дадоја поддршка  на информацијата за заклучоците од Консултативното тело за следење на амбиенталниот воздух на подрачјето на Општината Битола.

-Консултативното тело за следење на амбиенталниот воздух донесе заклучоци за долгорочни и краткорочни мерки и тука морам да напоменам дека тука ние не разговараме само за амбиентлниот воздух туку воопшто за загадувањето во грдот. Од краткорочните мерки ги потенцирам координција и соработка помеѓу локалната самоуправа, стручните организациии и стручните граѓани и бизнис секторот. Соработка со министерството за животна средина и просторно планирње, едукативни активности, акционо дејствување. Во долгорочните мерки предлагаме локалната самоуправа да изработи локален еколошки акционен план во кој долгорочно ќе се предвидат мерки за добивање на некаква нормала за  загадувањето односно подносливи параметри пропишни со некои стандарди. Едноглсност има во Советот за ова прашање. Овие мерки се добри и ова ќе вроди со плод, најбитно е што во буџетот предлагаме да се предвидат финансиски средства  за сите овие активности, бидејќи  без тоа активностите тешко ќе се реализират. Овај проблем не се решава преку ноќ- изјави  Стојан Кулевски, претседател на Координативното тело за амбиенталниот воздух при Советот на Општина Битола.

Досегашните две информации во 2013 година и во 2014 се чисто “copy- paste“  на она што сега го гледаме, само со мали промени, изјави Дуле Груевски од Здружението на граѓани “За нас се работи“.

-Вакви краткорочни и долгорочни мерки Советот на Општина Битола има донесено дури во 2012 година. И по нив ние колку што успеавме да анализираме буквално ништо не е преземено. Идентично е и во 2012 година, во 2013 и во 2014 година .Сигурни сме дека и во 2015 година ќе се донесе ваков Акционен план како крааткорочни мерки. Во 2012 година е посочен рок а досега ништо не е направено. Оваа информација е убаво теоретски напишана, но од 2012 година до денес само е писмен документ. Ние ќе бараме целосно исполнување на овој Акционен план, имаме испратено барање до сите странски претставници во земјата. Во Битола само се предвидува а ништо не се прави. Добивме понуда од приватна лабараторија за мерење на амбиенталниот воздух, испратено до нашето Здружение за да се направат мерења. Понудена ни е и цена, ние имаме намера да ги собереме потребните средства и сами да ги направиме мерењата- изјави на денешната седница на градскиот совет,  Дуле Груевски, еден од водачите  на  Здружението “Зa нас се работи“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*