Home / Економија / Едукција на граѓаните за работничките права

Едукција на граѓаните за работничките права

Едукција на граѓаните за идентификување и решавање на правните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот, е целта на обуките што се спроведоа во Штип, Струмица и Битола, а следат во Куманово и Скопје.

Сесиите се водени од тим правници кои граѓаните ги запознаваат со правата од работен однос, а особено внимание се посветува на правото на годишен одмор и условите за отказ.

Сесиите се спроведуват во рамки на Проектот Пристап до правда во Македонија, во кои е подготвен и прирачник за работничките права достапен на македонски, албански и ромски јазик.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*