Home / Вести / Електроенергетскиот систем стабилен,а проблеми имало и ќе има

Електроенергетскиот систем стабилен,а проблеми имало и ќе има

           

Во врска искажаните констатации на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ, за проблемите во РЕК “ Битола “ со реакција се јавија од АД ЕСМ.

-АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во моментов работи согласно потребите на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Комбинатот ги испорачува потребните количини електрична енергија, согласно планот за производство на АД ЕСМ и барањата на универзалниот снабдувач.

Проблеми во производството имало и ќе има, особено заради фактот што РЕК Битола со години наназад бил запоставуван и неревитализиран. Голем број од фирмите, пак, кои денес извршуваат различни услуги го комбинатот, меѓу кои и ремонтни активности на блоковите, изведувале зафати и во минатото, заради својата специфична стручност.

Електроенергетскиот систем на земјата е стабилен и освен РЕК Битола, потребните количини струја се произведуваат и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и ветерниот парк.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во повеќе наврати апелира до политичките партии да не го инволвираат во дневно – политичките пресметки. Апелираме и сега, ситните поени да се “ловат” на друго место, а не во столбот на електроенергетскито систем на Република Северна Македонија, се вели во реакцијата на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*