Home / Вести / “Епинал“ целосно (ќе)се реновира

“Епинал“ целосно (ќе)се реновира

               

        Хотелот “Епинал“, кој од неодамна е во сопственост на наш иселеник, кој живее и работи во Австралија, комплетно е затворен.

        Хотелот “Епинал“ не е затворен поради мерките на Владата за затворање на хотелските  и угостителските објекти, туку поради тоа што тој  целосно се реконструира.

        Во првата фаза од реконструкцијата на “Епинал“ ќе биде комплетно реновиран депандансот на хотелот, каде во моментот работаат бројни екипи градежни работници.

        Во депандансот се рушат ѕидови и се спојуваат некои соби.

        Соред информациите кои ги добивме од новиот менаџмент на хотелот “Епинал“, по реновирањето на депандансот подоцна ќе   се   реконструираат собите и во т.н. “кула“,  кои досега не се користеа, како и големата сала за свадби и забави и терасата.

        Според информациите кои ги добивме во реконструкцијата на “Епинал “ новиот сопственик ќе вложи неколку милиони евра, односно нешто поеќе отколку што тој плати за негово купување.

        Со реконструкцијата на “Епинал“ Битола ќе добие хотел по светски стандарди, велат од менаџментот на хотелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*