.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / ЕСМ почна со дезинфекција на станбените згради во Битола

ЕСМ почна со дезинфекција на станбените згради во Битола

         

          АД ЕСМ, РЕК “ Битола “, ФОД и синдикатите на АД ЕСМ и Подружницата на РЕК “ Битола“ денеска, на покана на Општината Битола почнаа со дезинфекција на колективните станбени згради во Нова Битола.

          Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој присуствуваше на почетокот на оваа акција, истакна дека  во акцијата за дезинфекција на Битола е вклучена екипа од пеесетина добро обучени и опремени  работниџи на Комбинатот РЕК “ Битола “, како со средства за заштита, така и со дезинфекциони средства  за дезинфекција на станбените единици во Битола.

          Екипата од пеесетина вработени на АД ЕСМ во целиот период додека трае кризата со коронавирусот ќе вршат дезинфекција како на колективните станбени заедници, каде живеат  најголем број битолчани, потоа на индивидуалните објекти и институции кои  ќе побараат помош за дезинфекција.

          Покрај тоа што АД ЕСМ се вклучува во оваа акција за дезинфекција на Битола, оваа општествено одговорна компанија, на општината Битола ќе и донира 50  специјални канти  за дезинфекција, истакна првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

          Вакви акции АД ЕСМ на повик на локланите самоуправи ќе организира  и во другите градови во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*