Don't Miss
Home / Македонија / Еврокомесарот Хан в понеделник во Клубот на пратениците доаѓа на лидерската средба

Еврокомесарот Хан в понеделник во Клубот на пратениците доаѓа на лидерската средба

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, ќе пристигнат в понеделник на разговорите во Скопје, за да ја продолжат медијацијата меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката криза во Македонија.

Според дописникот на МИА од Брисел, Хан ќе ги предводи медијаторите од Европската Унија пo вторпат, по минатонеделните преговори во Стразбур меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Од кабинетот на комесарот Хан, денеска за МИА ја потврдија информацијата дека првиот човек за проширување на унијата планира наскоро да ја посети Македонија, но посочија дека во текот на утрешниот ден ќе соопштат јавно кога точно ќе пристигне во Скопје.

 

Извор: мкд

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*