Home / Uncategorized / Европскиот совет ке ја поддржи Македоија за влез во ЕУ

Европскиот совет ке ја поддржи Македоија за влез во ЕУ

Новата Влада е подготвена да предводи силен и квалитетен реформски процес со цел обновување на препораката за преговори на Република Македонија со ЕУ, до крајот на оваа година. Но, од голема важност е и поддршката од Европскиот совет за изнаоѓање решенија со коишто билатерални прашања нема да претставуваат долгорочна блокада на процесот на пристапување во ЕУ.

Ова го порачал премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Брисел, на која клучна тема била европските перспективи на Македонија, соопшти службата за информирање на Владата.

Заев му се заблагодарил на Туск за позитивните сигнали од европските институции за поддршка на евроинтеграциските аспирации на Македонија.

– Ова е силен поттик за Владата, во соработка со Брисел, да ги испорача потребните реформи за деблокирање на препораката за преговори за членство во ЕУ. Се надеваме дека Советот во декември ќе ги прифати заклучоците што водат кон отворање преговори за пристапување на Македонија кон Европската унија. Амбициозни сме бидејќи е изгубено многу време во евроинтегрцискиот процес на Македонија – истакнал Заев.

Тој како важен аргумент го посочил ангажманот на ЕУ во регионот на Западен Балкан, во делот на споделувањето европски демократски вредности, како и за поширока безбедносна стабилност.

На средбата била нагласена посветеноста на Владата на Македонија за регионална соработка, што ќе ги отвори и зацврсти европските перспективи на државите.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го поздравил формирањето на новата Влада во Македонија и оценил дека тоа е одлична можност за придвижување на евроатлантските аспирации на земјата.

Туск изразил очекување дека Република Македонија ќе го подобри својот углед преку посветена работа, меѓуетнички и меѓупартиски дијалог и добрососедски односи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*