Home / Uncategorized / Филипче: Седењето дома најдобар лек за корона вирусот

Филипче: Седењето дома најдобар лек за корона вирусот

Нема промена на бројот на заболени од коронавирусот во земјата. Ова е најновата информација од министерот за здравство Венко Филипче кој гостуваше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

– Пациентите имаат непроменета состојба. Многу внимание се посветува на пацентката која е на респираторна машина. Непосредно после поставување на машината, тие параметри кои очекувавме да се подобрат, се подобрија, но тоа не мора ништо да значи. Компликација може да настапи во било кој момент. Нема новопријавени пациенти.

Денес треба да се состане Советот за безбедност на кој ќе се одлучи за воведување кризна или вонредна состојба.

– Дали ќе се вика вонредна или кризна е небитно. Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, толку помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни. Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата, истакна министерот Венко Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*