Home / Вести / Филипче: Утре ќе се разгледуваат новите рестриктивни мерки

Филипче: Утре ќе се разгледуваат новите рестриктивни мерки

По рекордниот број на новозаразени од 535, Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара токму за тоа дали има потреба од донесување на нови рестриктивни мерки.

Како точки на дневен ред ќе се најдат Јавниот прево, работното време на угостителите, а потенцира дека дел од мерките може да бидат само на подрачја каде што има енормно зголемување на бројот на заразени.

„На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од тие кои што сега се на сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работа на угостителскиот објекти и одредени економски субјекти и компании. Секаде каде што сметаме дека е ризик. Дел од мерките може да се таргетирани по општини, а дел може да важат на територија на цела држава, вели Филипче.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*