Don't Miss
Home / Uncategorized / Формиран Совет на млади на Битола

Формиран Совет на млади на Битола

Откако пред извесно време  Советот на општината Битола изгради стратегија, денеска во градот под Пелистер беше  конституиран  Совет на млади.

Советот на млади  во Битола  во фокусот на својата активност ќе ги има проблемите и иницијативите на младите. На дневен ред ќе се најдат многу теми кои се актуелни за младите и кои ги тиштат нив.

На денешната конститутивна седница за претседател на Советот на млади на Битола, беше избран Томислав Новевски.
mladi 6

-Особено  чест и задоволство ми е  што ја добив довербата, јас да предводам едно вакво тело, значајно за младите во општина Битола. Градоначалникот и Советот на општина Битола и досега покажаа високо ниво на свесност за важноста и проблемите кои ги засегаат младите, и на овој начин таквата комуникација ќе биде уште поинтензивна, изјави претседателот на Совет на млади Томислав Новевски.

Градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, кој присуствуваше на конститутивната седница на Советот на млади  давајќи целосна поддршка за формирањето на Советот вети  максимална финансиска поддршка за сите активностите на Советот на млади на Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*