Home / Вести / Формирана јавна установа која ќе раководи со киното Манаки и Офицерскиот дом

Формирана јавна установа која ќе раководи со киното Манаки и Офицерскиот дом

         

Битола за првпат доби јавна општинска установа , која ќе раководи со работењето на Офицерскиот дом, Киното Манаки и Туристичкиот информативен центар.

 Според општинските власти  објектите, сами по себе имаат големо културно – историско значење за градот и претставуваат туристичка атракција, но за да може нивната вредност да се стави во функција на градот, потребно беше добро планирање, консултирање на јавното мислење, предлозите и потребите на граѓаните, особено на експертите од областа на културата и на крај нивно сублимирање и имплементирање во стратешки план со конкретни чекори на реализација.

 На овој начин, се овозможува комплетнa функционалност на Офицерскиот дом и Киното Манаки, со цел промоција на културата и уметноста на Битола, за понатамошен културен, туристички и економски напредок на градот.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на средбата со директорката Сандра Котевска, разговараше за програмските цели и задачи на установата, со кои објектите ќе бидат отворени за повеќе различни културни манифестации, состаноци, туристички посети и други активности, произлезени пред се, од желбата и ентузијазмот на граѓаните.

Со почнувањето со работа на установата, почнува со работа и туристичкиот информативен центар, прв од ваков вид во градот, кој ќе претставува главно седиште од каде ќе поаѓа комплетната туристичка промоција на Битола, но и место отворено за сите нови предлози и иницијативи на битолчани за развој на културата и туризмот.

На формирањето на установата претходеше обезбедување на доволно финансиски средства за реконструкција на Офицерскиот дом и доизградба и опремување на Киното Манаки.

Локалната самоуправа за реконструкција на Офицерскиот дом доби подгрант средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија (администриран од Светска банка).

Вкупната вредност на договорот со Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) изнесува 58.792.610,00 денари, каде 52.913.349,00 се средства на ПЛРК (LRCP), a 5.879.261,00 денари се средства од буџетот на Општина Битола.

Дополнително, општината за поставување на водовод, канализација, партерно и хортикултурно уредување инвестира 15.423 735 денари, со што вкупниот влог на Општина Битола е над 350.000 евра. Ваквата инвестиција, овозможи Офицерскиот дом повторно да блесне со целиот свој сјај.

Паралелно со реконструкцијата на Офицерскиот дом, општината, не дозволи Киното Манаки, да биде објект кој ќе го „изеде“ забот на времето. Напротив, донесе одлука да го спаси овој простор во центарот на градот, за чија изградба првата иницијатива датира од Кинотека на Македонија во 2003 година. Откако оваа локална самоуправа ја заврши изградбата на објектот, Министерството за култура додели 7. 616. 554 денари за енетриерно уредување, а со средства од проктот Кинокултура, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, во вредност од 64 215 евра, се обезбеди најсовремена кино опрема.

Во објектот со средства од истиот проект комплетно е опремен и туристички информативен центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*