Home / Македонија / Формирана интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион

Формирана интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион

Со поддршка на УНДП, Министерството за локална самоуправа и на Центарот за развој на пелагонискиот регион, бeше потпишан договор за формирање на Интегрирана мрежа за регионален развој на општините во Пелагонискиот планински регион, во кој спаѓаат Прилеп, Битола, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Новаци, Могила, Демир Хисар и Крушево.
Зголемена соработка помеѓу клучните регионални чинители преку вмрежување, со цел економски развој на Пелагонискиот плански регион е една од главните цели на мрежата.

IMG_4182

Основната цел на заедничкото работно тело- Интегрираната мрежа за регионален развој на Пелагонискиот плански регион е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија (бизнис, јавен и невладин) преку воспоставување и администрирање на формално тело за соработка.
Целта на мрежата е вмрежување на сите релевантни институции и други субјекти од регионот, кои преку размена на информации и соработка, заеднички треба да поттикнат осмислен, координиран и одржлив развој на регионот.

Проектот ќе се формализира откако Советите на деветте општини ќе ги донесат одлуките и потоа ќе се формира едно тело. Покрај општините, и ова тело ќе биде потенцијален апликант во сите фондови што се на располагање, информираше директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Емилиа Ѓероска.
– Општините треба да дејствуваат на зајакнување на развојните приоритети, поттикнување на мали и средни бизниси, максимално користење на постоечките ресурси, насочување на младите луѓе кон професии врз основа на реалните потреби во бизнисот, изјави министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, при тоа потенцирајќи дека Министерството работи на конципирање на нова програма за развој на регионот во наредните пет години.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*