Home / Uncategorized / Франција со отворена поддршка за Битолски весник

Франција со отворена поддршка за Битолски весник


          Во четвртокот,на 5 декември, вo француската амбасада во Скопје, на негово барање беше примен сопственикот, директoр главен и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски.

На средбата  Менде Младеновски го запозна амбасадорот Кристијан Тимоние, со предизвиците со кои се соочува во пoслeдно време најстариот локален печатен медиум во државата, Битолски весник, со законските ограничувања за рекламирање како и тендереските игри кои  во последно време се прават во Битола   за рекламирање со овој неделник.

Притоа директорот Младеновски побара помош  од Француската амбасада за  натамошно опстојување на Весникот, бидејќи Франција е позната во светот како држава која  исклучително ги цени и почитува локалните медиуми.

Младеновски од амбасадорот Кристијан Тимоние побара и меѓународна помош за спас на најстариот локален весник во државата.

По повод средбата во француската амбасада со неговата екселенција Кристијан Тимоние со официјално соопштение се огласи и француската амбасада. Во соопштението меѓу другото се вели:

-Во четвртокот на 5 декември, директорот и главен и одговорен уредник на весникот „Битолски весник“, г. Менде Младеновски (тираж од 2.000 примероци и портал) побара средба со амбасадорот за да ги објасни предизвиците со кои се соочува. Овој локален весник, основан во 1964 година, има посебно место во медиумскиот пејзаж на Северна Македонија. Средбата беше можност да се разговара за тешкотиите со коишто се соочуваат печатените медиуми во новиот контекст и поддршката што ја очекуваат од надлежните органи, како и во европски рамки за да се одбрани плурализмот и слободата на информацијата, се вели во соопштението на Француската амбасада.
Битолски весник во наредниот период ќе оствари средби и со други меѓународни преставници и организации се со цел изворно да ги информира во каквои услови работи Весникот кој опстојува целу 56 години и несериозниот однос на некои институции во Битола и поединци кои си поигруваат со судбината на Битолски весник.

Битолски весник нема да дозволи никој да си поигрува со неговата судбина, а посебно не оние “фактори “ од Општината Битола кои си дозволија луксуз да го доведат Весникот да ги рекламира за 150 денари!(не е грешка)

Битолски весник е весник кој опстојувал и во потешки услови, а тие “ експерти за јавни набавки “ од Општината Битола, кои се дрзнаа да си поиграат со судбината на Весникот нема да успеат во нивните замисли и намери Весникот да престане да излегува и да стане уште еден од бројните инстант портали.

Битолски весник кој има портал ќе направи се да го зачува печатеното издание на Весникот и покрај мрачните сценарија кои ни ги подготвуваат некои поединци од локалната власт.
Битолски весник знаел и знае да се избори за својот опстанок и тоа ќе го направи и овој пат и без поддршка на Општината Битола, која во настојувањето да“ штеди“ на секој чекор, успеа преку своите “експерти “ да се “избори“ да се рекламира за само 150 денари.

Во настојувањето да придонесе за реализацијата на “штедливата политика“ на Општината, Битолски весник, кој оваа година остана без договор за рекламирање и кој во идната година да ја рекламира Општината за само 150 денари, јавно се обврзува да ја “рекламира “ општината Битола, бесплатно и во наредната година, а на “експертите“ од локалната власт, би им порачале своите “ штедливи политики “ да ги водат на други фронтови, а не преку Битолски весник.

И покрај тоа што по оваа и во наредната година Битолски весник ќе остане без финансиска поддршка на Општината, убедени сме дека со помош на нашите европски пријатели ќе најдеме разбирање за нашите проблеми и дека ќе се избориме не само за нашиот опстанок, туку и достоинство.

Битолски весник во изминатите 56 години, знаел да се справи со потешки проблеми. Пред две години, сега веќе екс градоначачникот на Битола, Владимир Талески се обиде да му ја скрои судбината на Битолски весник и да го згасне Весникот.

Сега тоа се обидуваат да го направат главните советници на градоначалничката Наташа Петровска, кои веќе подолго време ни препорачуваат да го згаснеме Весникот.

Но уште од сега им кажуваме дека тоа ќе им биде залуден и изгубен обид.

Битолски весник опстанал и останал сите изминати 56 години.

Ќе остане и опстане и без поддршката на актуелната локална власт која во овој момент не знае што да им прави на парите,а благодарение на „штедливата политика “ успеа да се избори за рекламирање во Битолски весник за само 150 денари.

И покрај тоа што во овој момент нам ни е битен секој денар овој пат Битолски весник ке биде толку многу галентен и ќе им ги остапи тие 150 денари да останат во буџетот а ние сите политики на локалната власт ќе ги рекламираме се разбира доколку за тоа испратат нарачка до нас бесплатно.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*