.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“

Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“

Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ што на целата територија на Република Македонија се одржа на 30 ноември годинава.

Претставници на Амбасадата засадија повеќе нови елки на просторот на Француските воени гробишта во Битола.

Со оваа акција, Амбасадата најави нова активност  што интензивно ќе продолжи во наредниот период. Станува збор за хортикултурно уредување на просторот на новиот Меморијален комплекс.

Како што информираат од Амбасадата, овие активности се дел од програмата за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*