Home / Спорт / „Фудбал за пријателство” на „Газпром” почна во Русија

„Фудбал за пријателство” на „Газпром” почна во Русија

Специјално за Битолски весник

Санкт Петербург

Денес е означен почетокот на финалните настани на петтата сезона од детскиот општествен проект „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”, организиран од „Газпром”, официјалниот партнер на ФИФА и Светското ФИФА Првенство 2018.

Делегации од 64 земји од Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, пристигнаа во Санкт Петербург, носејќи слогани за пријателство, мир и рамноправност, за да ја демонстрираат својата посветеност кон клучните вредности на проектот, да го споделат своето искуство и да бидат пример за целиот свет.

Особено задоволство ни претставува што сме дел од еден ваков голем проект како што е Фудбал за пријателство. Веруваме дека заедно со сите претставници од останатите земји ќе успееме да ги имплементираме клучните вредности на овој проект. Ова претставува една голема можност за ширење на пријателството и огромно искуство како за Младите Амбасадори така и за нас повозрасните.” – изјавиг-дин Сашо Илиевски, тренер на подмладокот на ФК „Пелистер” Битола.

Младите фудбалери, 12-годишните Амбасадори на вредностите на проектот се здружени во 8 меѓународни пријателски тимови и на зелените фудбалски игралишта докажуваат дека пријателството е можно без разлика на бојата, полот, верата и физичката способност. Млади новинари работат во Меѓународниот детски прес-центри заедно со возрасни претставници од медиумите известуваат директно од местата на настанот во Санкт Петерсбург на сопствените ТВ и радио-канали,подготвуваат содржини за интернет-страницата и социјалните мрежи, исто така подготвуваат дневен весник и материјали за спортските медиуми ширум светот.

Премногу сум возбуден што сум првиот учесник изјави млад иот фудбалер на Пелистер кој ја претставува Република Македонија на проектотФудбал за Пријателство. Уште при самото пристигнување се запознавме со многу учесници и искрено се надевам дека ќе имаме убави моменти за време на нашето дружење на проектот и посакувам да останеме во контакт и по неговото завршување.”- изјави Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер” Битола.

Меѓународните делегации од млади учесници во градот Нева ги придружуваат возрасни претставници од делегациите на земјите-учеснички, вклучувајќи гии претставниците на фудбалските федерации и здруженија, меѓународните општествени програми, добро познатите новинари, како и родители, учители и тренери.

Младите спортисти ќе учествуваат во камповите за тренинг во спортскиот камп за пријателство, каде освен во тимската игра и изборот на успешни тактики, децата ќе учествуваат во мастер-класови под покровителство на славни фудбалери, ќе се здобијат со духот и вредностите на проектот во Олимписка лекција и ќе учествуваат во градењето тимови. Дополнително, за учесниците ќе биде отворено и школо за 9-те вредности на проектот. Исто така, почитувајќи ги принципите на традицијата, учесниците на проектот „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО” од минатите сезони, ќе тренираат со националните пријателски тимови на 1. Јули, кога за првпат во историјата ќе се одржи фудбалскиот шампионат. Младите фудбалери што учествуваат во петтата сезона на детскиот меѓународен проект„ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”, ќе се сретнат на стадионот за да ја покажат својата љубов кон фудбалот, посветеноста кон вредностите и нивната волја да победат.

На 2. Јули, сите учесници во„ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”,возрасни и деца, заедно со славни фудбалери, уметници, претставници на меѓународните медиумии политичари од разни земји, ќе разговараат за најважните прашања во врска со промоцијата на вредностите на проектот во рамки на Петтиот годишен меѓународен форум „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”. Традиционално, сезоната завршува со заедничка посета на фудбалскиот натпревар. Во 2017, учесниците со свои очи ќе го следат финалниот натпревар на ФИФА Купот на конфедерации, што ќе се одржи во новата арена во Санкт Петербург со капацитет од 70.000 посетители.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*