Home / Uncategorized / Функционерот на СДСМ Петковски бил погоден од заскитан куршум на оддалеченост од 1,2 километри

Функционерот на СДСМ Петковски бил погоден од заскитан куршум на оддалеченост од 1,2 километри

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, не бил цел на планиран вооружен напад со политичка заднина, туку бил погоден во ногата од заскитан куршум.

borce

Ова го наговестуваат резулатите од вештачењето на проектилот што пред Велигден го погоди во нога поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен партиски функционер во Битола, дознава „Мета”.

Вештачењето  било извршено и во Битола и во Скопје и покажало дека куршумот бил испукан на воздушна далечина од 1,2 километри.

Зрното кое било извадено од ногата на Петковски било со калибар од 9 милиетри, популарно наречено „долга деветка”.

Зрното било со слаба ударна моќ и не успеало да направи излез на другата страна од коленото, поради што морало да биде хируршки извадено.

Настанот се случи на 27 април во населбата Карпош во Битола, во моментот кога Петковски стоел на тротоар заедно со уште двајца сограѓани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*