Home / Македонија / ГДОМ од Битола: Единството ќе не одбрани од сите непријатели

ГДОМ од Битола: Единството ќе не одбрани од сите непријатели

Граѓанското здружение за одбрана на Македонија на синоќешната трибина во Битола порача дека одбраната на парламентарната демократија во државата е услов за европска интеграција на Македонија, пренесува МИА.

Караванот на здружението патува од град во град и има единствена цел да ја одбрани Македонија од сите актуелни опасности, посочи Виолета Ачковска, една од челниците на здружението кое вечерва престојуваше во градот под Пелистер.

odbrana 1   odbrana 6

-Целта е јасна, а тоа е одбрана на македонската држава од сите опасности кои деновиве ги гледаме, одбрана на парламентарната демократија како услов за европската интеграција на Македонија. Сите проблеми да ги решаваме на демократски начин, граѓаните да ги избираат владите и парламентарните групи, а не насилно и на улица или со монтирани процеси каков што деновиве води опозицијата на чело со Зоран Заев, истакна Ачковска.

На трибината во Битола беше појаснета актуелната општествено-политичка ситуација во државата гледана од различни аспекти, и како што беше нагласено, опасностите кои демнеат од странско сценарио кое Македонија треба да ја стави на колена.

odbrana 8

-Тоа што сега се прави во државата, и предизвикува голема штета на угледот на Македонија и според нас тоа е едно странско сценарио кое треба да ја стави Македонија на колена, да ја обезвредни во очите на европската јавност и на тој начин да ни се каже дека не треба да имаме држава, односно да се уништи македонската држава и затоа е оваа наша борба, борба да опстане државата, посочи Ачковска.

Режисерот Љубиша Ѓоргиевски во своето обраќање истакна дека не го прифаќа кодошкиот менталитет на опозицијата и соработката со странски служби.

-Иронијата е во тоа што тие се нарекуваат борци за слобода и демократија. Комунизмот никаде на власт не дошол преку избори. Борците за демократија го дерогираат парламентот. Тие се деца што си играат политика, а таа игра може да прерасне од играчка-плачка. Го напаѓаат судството, се напаѓаат. Господ да не чува од таа демократија што ќе ја донесат комунистите, нагласи Ѓоргиевски.

 

 

Извор: Миа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*