Don't Miss
Home / Вести / Генерално чистење на Битола

Генерално чистење на Битола

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“ и неколку приватни фирми од градот кои покажаа интерес за учество во акцијата, веќе се подготвуваат за чистење на повеќе локации.

Во акцијата своето учество го пријавија и 6 основни и 2 средни училишта.

Сите заедно да се вклучиме во активностите за поубава и почиста Битола.

Да ја вратиме убавината, да создадеме повеќе зеленило.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БИТОЛА

Во четврток  од 07.30 до 15.00 часот, сите заинтересирани претседатели на месни и урбани заедници, спортисти и културни работници, невладини организации и други граѓани може да се пријават за организирано расчистување на локациите кои ќе ги одредат, или едноставно да се приклучат кон акцијата на избраните локации, во наведените термини од оваа објава.

Пријавувањето може да се направи на емаил: contact@bitola.gov.mk, на телефонскиот број 047208339 или со испраќање на порака на фан страната на Општина Битола.

Во периодот од 15.00 до 17.00 часот, ќе бидат контактирани сите пријавени учесници.

Подигнувањето на отпадот ќе биде организирано од страна на општината во соработка со ЈП Комуналец.

Распоред на активностите за ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БИТОЛА

06.05.2022 Петок

10.00 часот Чистење на отпад – депонија кај улица Кочо Рацин – Почеток на акцијата

Во периодот од 10 до 14 часот

Почеток на генералка викенд во основните и средните училишта кои покажаа интерес за вклучување во акцијата.

07.05.2022 Сабота

Во периодот од 08 до 12 часот, ќе се расчистуваат следните локации, на кои ќе има и пунктови за собирање на отпадот:

Колективни згради:

– Нова Битола – пункт за собирање на отпадот во близина на детскиот парк (кај поранешен маркет Сезам)

– ул. Едвард Кардељ – пункт за собирање на отпадот – кај паркинг простор зад зградите

Индивидуални домаќинства:

–          Лавчанска населба – пункт за собирање на отпадот во близина на детскиот парк на улица Јадранска

–          Јенимаале  – пункт за собирање на отпадот во близина на паркот „Кај Кајнакот“

Диви депонии кои ќе се расчистуваат во периодот од 08.00 до 12.00 часот:

–          Чистење на депонии во АРМ

–          Чистење на патот нас. Ушици – нас. Стрелиште

–          Чистење на улица Едвард Кардељ

–          Чистење на депонии на патот М5

НАЈВАЖНО: ЗАЕДНО ЈА ЧИСТИМЕ БИТОЛА И ЗА СЕКОИ 10 КИЛОГРАМИ СОБРАН ОТПАД ЗАСАДУВАМЕ ПО ЕДНО ДРВО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*