Home / Спорт / Ѓоко ќе прозива утре

Ѓоко ќе прозива утре

Утре на пладне во 12 часот на стадионот под “Тумбе кафе“  новиот тренер на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски ќе ја одржи првата прозивка на фудбалерите кои ќе конкурираат за првиот тим за наредниот пролетен дел од годинашната фудбалска сезона.

На фудбалерите на Пелистер покрај тоа што ќе му се обрати шефот на стручниот штаб на Пелистер, Хаџиевски, ќе им се обрати капитенот.

На состанокот ќе бидат промовирани и засилувањата на Пелистер за оваа сезона, кои заедно со старите фудбалери ќе го обезбедат опстанокот во Првата лига, а секако доколку им се укажа прилика да се искачат кон првата половина на табелата.

По првата прозивка и состанокот на фудбалерите на градскиот стадион во Битола ќе се одржи и првиот тренинг.

Подготовките доколку не стегнат некои студови до 2 февруари ќе бидат во Битола, а потоа се заминува за Турција, Анталија.

Ако има поларни студови во Битола, фудбалерите ќе бараат потопла локација во Македонија.

Исто така и координаторот на младите категории Науме Љамчевски го закажа стартот на подготовките, кои ќе започнат в среда и во сабота во зависност од генерациите на младите фудбалери.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*