Don't Miss
Home / Политика / Горан Милевски:140 милиони евра за поддршка на домашните фирми

Горан Милевски:140 милиони евра за поддршка на домашните фирми

Во изминатата деценија власта спроведуваше вистински терор кон микро, малите и средни претпријатија, изјави денеска Горан Милевски, лидер на ЛДП и  кандидат за пратеник во ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата.

– Приватниците наместо да водат сметка за својот бизнис, беа приморани да размислуваат за високите казни, инспекциите, лошите услови за работа, тешко достапните кредити и големите проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Новата влада предводена од СДСМ и Коалицијата, после 11 декември ќе го промени овој амбиент и ќе им помогне на домашните претпријатија. Во делот на казнената политика, имаме план инспекторите прво да даваат опомена а ако изречат казна таа да биде соодветна и драстично намалена. Планираме годишно 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми и поддршка за нови вработувања. Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план со јасни рокови за враќање на долговите кон домашните фирми и навремено исплаќање на сите идни обврски. Ќе овозможиме давање на поволни кредити за отворање на микро бизниси до 15 илјади евра со само еден процент годишна камата. Ќе овозможиме основање на трговски друштва со само едно евро основачки капитал. Ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе ја вратиме евтината струја. Она што може да им го гарантираме на граѓаните е дека ќе имаат огромна помош и поддршка од новата власт и сугурност дека новата власт ќе им биде партнер на граѓаните- изјави Горан Милевски, лидер на ЛДП и  кандидат за пратеник во ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*